25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsonite за 1,8 милијарди долари ја презема Tumi

Samsonite за 1,8 милијарди долари ја презема Tumi

samsonite-luggages-are

Најголемиот светски производител на патничка опрема Samsonite за 1,8 милијарди американски долари ја презема конкурентската компанија Tumi, со што ќе добие пристап на пазарот на опрема од највисока категорија, објавено е во петок.

Преземањето ќе донесе бројни заштеди, меѓу другото и на подрачјето на логистиката, продажбата и маркетингот, како и дистрибуцијата и развојот на производите, информираа од седиштето на Samsonite во Луксембург.

За извршниот директор на Samsonite Рамеш Таинвал, ова преземање на неговата компанија и носи ширење на глобалниот премиум пазар, исклучително атрактивен сегмент на патничка опрема.

Глобалната нето продажба на Samsonite во првите шест месеци во 2015 година изнесуваше 1,2 милијарди долари. Tumi пак, има околу 2.000 продажни места во 75 земји, а на компанијата во 2015 година продажбата и пораснала четири отсто во однос на претходната година, на 548 милиони долари. На подрачјето на Северна Америка е остварено 68 отсто од таа продажба.

Зависно од одлуките на пазарните регулатори и акционери во двете компании, зделката, како што се проценува, би можела да биде заклучена во втората половина од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП