19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Александар Стефанов, член на Управниот одбор на Фабрика Карпош

Интервју со Александар Стефанов, член на Управниот одбор на Фабрика Карпош

yyy

Денар:Колку време постои Карпош Фабрика и како започна целата оваа приказна?

Фабрика Карпош е една од најстарите фабрики во Македонија. Постои и функционира на пазарот повеќе од 65 год. Сé започнало далечната 1948година. Кога по завршување на Втората светска Војна потррбна  е забрзана изградба на разрушената земја.  На 11 февруари, донесено е решение  од Владата на Народна Република Македонија, и на предлог на министерот за индустрија и рударство, основано е претпријатието – Фабрика за бетонски производи Карпош, во населбата Ѓорче Петров, како претпријатие од републичка важност. Името го добива по народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.

Денар:На колку проекти работите во моментов Карпош Фабрика и каде?

Во моментов фабрика Карпош работи на околу 30 проекти, од кои најголем дел се во Р. Македонија. Исто така имаме и меѓународна соработка со земјите од регионот како Бугарија, Албанија, Косово, Србија, и други земји од регионот.

Денар:Еден од вашите најнови и најголеми проекти е изградбата на првата ЕКО населба во Скопје. За кога е предвиден почетокот на изградбата и кога се очекува негова комплетна реализација?

ndd

Изградбата на еко населбата е моментално наш најнов проект. Се работи за станбена и деловна населба која се протега на површина од 500.000 м2 со веќе постоечка здравствена, социјална и трговска инфраструктура лоцирана во општина Ѓорче Петров,  наспроти кружниот тек кај Порта Влае, од кои ЕКО населбата зафаќа 150.000 м2. Овој проект го започнуваме со изградба на 4 комплекс згради кои е планирано да се завршат до Август 2017 година.

Денар:Кои предности и услови ќе ги нуди новата ЕКО населба во Скопје?

Како што кажав новата еко населба е на само 5 км од центарот на Скопје, со веќе постоечка патна здравствена и социјална инфраструктура. Она што е посебно важно за Еко населбата е дека истата се наоѓа на само 200 м од  реката Лепенец која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По течението на реката доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист воздух и тогаш кога Скопје се наоѓа под најголем атак од смог, магла и штетни материи. На голем дел од површината на населбата е планирано да се реализираат градини, паркови и зелени површини кои ќе овозможат дополнително струење и прочистување на воздухот.  Оваа еко населба е единствена од ваков тип која нуди врвен квалитет и современи услови за живеење за секое семејство да се чувствува комфорно и пријатно во својот дом.

ncc

Денар:Што се ќе биде во склоп на првата ЕКО населба во Скопје?

На оваа локација е предвидена дополнителна урбанизација на просторот со акцент на зелените површини. Оваа ЕКО населба ќе прерасне во уникатна населба која ќе биде идеален избор за секое семејство поради концентрацијата на сите неопходни елементи за задоволување на потребите од функционален и социјален карактер, како: голем број на игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензиски пумпи, градинка, и пополнителни содржини кои ќе придонсат кон исклучиво квалитетно домување..

Денар:Присутни сте на саемот за градежништво и веројтано сте првата компанија која подарува стан за кумот на населбата? Од каде целата идеја? Каков е фидбекот од посетителите?

Поради тоа што се работи за нова населба, логично е да има свое име. Сметавме дека е интересна идеја од аспект на тоа дека кој подобро би одлучил како да се вика населбата отколку идните станари, па им овозможивме сами да го изберат името на населбата во која ќе живеат. Дополнително се покажа како иновативен  и несекојдневен настан кој донесе многу забава за посетителите на саемот за градежништво, а на еден од нив покрај забава ќе му донесе и стан! За време на првите два дена од отворањето на саемот, морам да кажам дека направивме околу 110 резервации на станови, со што самиот тој факт ни покажува колку оваа идеја е прифатена одлично.

 

ngg

Денар:Дали според вас градежништвото е најголем двигател за раст на економијата во Македонија?

Во последните години во Македонија градежништвото е во голема експанзија, а со тоа има и голем удел во развојот и растот на економојата. Тоа се отсликува во фактот што за потребите на градежната индустрија се отвараат нови работни места, дополнително се инвестира во стручен кадар и во современа механизација.

Денар:Кој од вашите проекти би го извоиле како успешна приказна на која сте особено горди?

Не би можел да издвојам некој посебно. Ние како фабрика во последните 3 години активно се вклучивме и во изведба ( високоградба и нискоградба) и во овој период  имаме реализирано повеќе од 70 проекти. Вложуваме големи надежи во проектот Еко населба и се надевам дека ќе ги оправдаме очекувањата и Еко населба ќе биде проект со кој што ќе се гордееме и ние и граѓаните на Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП