20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција од Германија бара да ги намали условите за дефицитот

Франција од Германија бара да ги намали условите за дефицитот

francija14

Франција од Германија побара да и даде повеќе време за намалување на јавниот долг, но негираше дека таа станува новиот „европски пациент“, иако податоците покажуваат се подлабока криза во таа земја.

Франција призна дека во 2013 година нема да успее да го намали дефицитот на 3 проценти и затоа од партнерите во ЕУ, пред се од Германија како најголемата европска економија, побара уште една година за исполнување на таа цел.

Францускиот министер Пјер Московиси од германскиот колега Волфганг Шојбле побара да не ја доведува во прашање стабилноста на француската економија инстистирајќи на новите мерки за штедење.

„Германија мора да го сфати тоа“, изјави тој, додавајќи дека знае како Шојбле го разбира тоа барање бидејќи на Германија и е потребна посилна Франција.

Но Шојбле го избегна одговорот, велејќи дека Германија смета дека буџетската дисциплина не го исклучува економскиот раст.

„Мора да и ставиме крај на оваа дебата, која вели дека треба да се избере помеѓу заштедата или растот“, изјави тој, додавајќи дека растот е неопходен.

Франција призна дека оваа година нема да го оствари предвидениот економски раст од 0,8 проценти, но таа во четвртокот успеа да продаде државни обврзници со рекордно мал придонес од 1,94 проценти, со што Московиси докажа дека инвеститорите имаат доверба во реформите кои ги спроведува владата на Франсоа Оланд.

„Дали мислите дека ќе остваревме таква продажба доколку бевме Кипар, Грција или Шпанија и Италија“, изјави тој.

„Ве уверувам дека кога присуствувам на средби со Еврогрупата, јас не се чувствувам како следниот „европски пациент“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП