16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Северозападна Бугарија е најсиромашниот регион во ЕУ

График на денот: Северозападна Бугарија е најсиромашниот регион во ЕУ

blgari3

Северозападна Бугарија е најсиромашниот регион во Европската унија (ЕУ) за 2014-та година, покажуваат податоците на Евростат.

Регионалниот бруто домашнен производ (БДП) по глава на жител, мерен во СПС (стандард на куповната моќ, кој ги отстранува разликите во ценовните нивоа помеѓу земјите), во 2014-та година се движи од 30 проценти од просекот на ЕУ во бугарскиот Северозападен регион до 539 проценти од просекот во Внатрешен Лондон-запад, Велика Британија.

grafik eu 01

Водечки региони според куповната моќ по Внатрешен Лондон-Запад се Големото Војводство Луксембург (266%), белгискиот Брисел (207%), Хамбург во Германија (206%), Внатрешен Лондон-Исток во Велика Британија (204%) и Братислава во Словачка (186 %).

По северозападна Бугарија најлоши се француската територија Мајоте (31%), Јужниот централен регион во Бугарија (32%), како и Северниот централен регион на Бугарија (34%), и североисточните делови во Романија (34%).

delovi eu 01

Од вкупно 21 региони со БДП по глава на жител под 50 проценти од просекот на ЕУ пет се во Бугарија. Исто пет има во Полска и Романија, четири се во Унгарија и по еден – во Грција и Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП