23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗа комплетен успех концентрирајте се на една работа!

За комплетен успех концентрирајте се на една работа!

bis1

Имате добар проект. Паметни сте и талентирани и имате желба за успех. Тоа може само да се посака. Во што е проблемот кога ваквиот спој не може да ве доведе до успех во работата.

Џеф Хофман е експерт за иновации и создавање на бизнис. Речиси секојдневно работи на примери на одлични проекти и деловни идеи и прво што советува е следното: направете ЕДНА работа, ама направете ја подобро од сите други!

Неговото истражување покажало дека најголемата грешка е работата на повеќе фронтови истовремено. Зафатете се за една идеја и неа изведете ја до крај што можете подобро, најдобро од сите.

Хофман вели дека многу пати во рацете имал проекти со по неколку одлични идеи и не ги сметал за бинго. Тој вели дека кога спроведувате повеќе идеи истовремено, ќе добиете едно големо ништо. За реализација на само една од тие идеи се потребно многу стратегии, маркетинг, администрации, финансии, логистика, луѓе и уште многу други работи, таа идеја да се реализира како што треба.

Тешко е да направите успех и профит. Ако сакате да бидете врвен бизнисмен, морате да научите дека деталите се се.

Не паѓајте во замка како многу други кои не успеале – не работете повеќе работи одеднаш. Напротив, бидете најдобри во една работа и направете се себеси незаменлив за своите партнери и клиенти.

И тоа не е се. Земете лист и пенкало и запишете се во што сте најдобри во реализацијата на тие идеи. Кои се вашите посебни вештини? Деловна конекција? Технологија? Ако на листот нема ништо со кое сте за чекор понапред од сите во таа област, тогаш откажете се и прејдете на друга идеја.

Хофман ова го нарече „златна цел“, причина поради која вашата идеја и компанија треба да постојат, она по што ќе бидете препознатливи и вие и вашата работа. Фокусирајте се на тоа, да бидете лидер во услугата или производот кои се подготвувате да го лансирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП