25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЦукерберг го претстави Facebook Home

Цукерберг го претстави Facebook Home

Mark Zuckerberg

„Конечно можеме да зборуваме за телефонот на „Facebook“. Поточно за тоа како можеме „Android“ телефонот да го трансформираме во одлична друштвена мрежа“, беа првите зборови на Марк Цукерберг на претставувањето на „Facebook“ телефонот и „Facebook Home“.

За време на претставувањето на новиот производ, Цукерберг го потенцираше фактот дека не е во прашање вистински телефон, ниту пак оперативен систем на „Android“, туку нешто повеќе од обична апликација, подобар кориснички интерфејс.

Во прашање е многу пошироко интегрирање на „Facebook“ филозофијата во еден телефон во облик на „Facebook Home“ и „homescreen“ и „lockscreen“ ќе имаат значителна содржина од „Facebook“ во позадина кој ќе биде константно прикажуван. Се што треба е да го допрете екранот двапати за да лајкнете нешто. Исто така содржината може да се коментира директно од „home“ екранот.

„Home“ всушност претставува збир на апликации кои длабоко се интегрирани во „Android“ и кои вашиот телефон го претвараат во „Facebook“ телефон.

57c2facebook-home-1

Сите нотификации доаѓаат од луѓето, а не од апликациите, па така со известувањето добивате и слика од личноста која е во прашање. На екранот постојано е присутна и вашата фотографија и доколку кликнете на неа се враќате на почетната страница на „Facebook“.

Доколку сакате да дојдете до одредена функција потребно е само подолго време да држите на иконата со вашата фотографија.

Кога е праќањето на пораки во прашање, тука е новата работа наречена „Chatheads“. Се што треба е да допрете до иконата со ликот на вашиот пријател на екранот и ќе можете да му пратите порака. Новиот систем ќе работи и на пораките на „Facebook“ и со „SMS“ пораките. Ова значи дека нема да добивате нотификации за пораките, туку истиот момент ќе можете да видите кој и што ви пратил.

Доколку во сред разговор со некоја личност во десниот агол без разлика која апликација ја користите или сурфате на интернет, иконата со ликот на таа личност ќе ве следи, така да ќе можете и натаму да комуницирате без обзир на тоа што и да правите на телефонот се додека не одлучите вие да ја тргнете.

„Facebook Home“ ќе биде достапен и за таблет уредите, а не само за паметните телефони.

Facebook-Home-for-Android-Goes-Official

Првиот телефон кој ќе дојде со интегриран „Facebook Home“ е „HTC First“.

Телефонот поради својата цена, која во Америка ќе изнесува 99 долари, нема да поседува напреден хардвер во прашање е 4.3 инчен 720p HD дисплеј како и „Qualcomm Snapdragon S4“ процесор, 1GB RAM и камера од 5 мегапиксели.

„Facebook Home“ исто така ќе биде достапен и во продавницата „GooglePlay“ од 12-ти април, а од уредите кои на почетокот ќе го поддржуваат наведени се „HTC One“, „HTC ONE X“ и „X+“, „Samsung Galaxy S III“ и „S IV“, како и „Note II“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП