28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов очекува ММФ да потврди дека Македонија е во добра финансиска кондиција

Богов очекува ММФ да потврди дека Македонија е во добра финансиска кондиција

mmf2

Мисијата на ММФ од вчера го почна мониторингот на состојбите во македонската економија откако заврши Програмата за претпазливост. Гувернерот Димитар Богов, кој вчера имаше средба со членовите на Мисијата, очекува заклучокот да биде дека Македонија е во добра финансиска кондиција и дека може без проблем да ги сервисира обврските од кредитната линија за прептазиловист.

– Вчера ја имавме првата почетна средба со Мисијата на ММФ. Целта на оваа мисија ткн. постпрограм мониторинг, значи следење на состојбите по завршувањето на програмата што ја имаше Македонија, односно кредитната линија за претпазливост, изјави денеска гувернерот, додавајќи дека „монетарците“ вообичаено ќе видат и какви се сега движењата во економијата и сето она што стандардно ги интересира.

Според Богов, ќе нема позасилен мониторинг и мисијата е за потребите на ММФ, а не за земјата. Потенцира дека се се сведува на стандардни консултации и дека во рамки на тоа се прави мало дополнително скенирање на состојбите чисто за потребите на ММФ да оцени какви биле ефектите од програмата што сме ја имале во претходните две години.

– Целта на ММФ секогаш е да видат дали земјата може да ги враќа обврските што ги напрвила кон ММФ, затоа што пред се заинтересирани се да ги добијат парите назад. Не се сомневам дека нивниот конечен заклучок ќе биде дека Македонија е во добра финансиска кондиција и дека може без проблем да го врати кредитот што го користеше од ММФ пред две години, истакна Богов.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд ќе престојува во Македонија до 16-ти овој месец. Освен со Богов, Мисијата ќе има средби со министерот за финансии Зоран Ставрески, со банкари, бизнисмени и со опозицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП