20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со моркови

Диета со моркови

17165_0

Диетата со моркови не само што доведува до слабеење, туку и го прочистува организмот. За 3 дена може да се намалат околу 3 килограми. Диетата се држи само 3 дена и не се препорачува нејзино продолжување. Доколку сакате да ја примените два пати, направете пауза помеѓу спроведувањето на двете серии.

Диета со моркови

Морковите се едни од најкорисните зеленчуци. Тие содржат многу бета-каротен, витамини како ПП, Ц, Е, К, витамините од групата Б и микроелементи (калиум, железо, фосфор, магнезиум, бакар, јод, цинк, флуор и др.

Четири-пет пати дневно се јаде по една порција свежи моркови, рендани. Количината е неограничена, но обично 2 големи моркови се доволни за една порција.

Салатата задолжително се зачинува со свежо исцеден лимонов сок. По желба може да се додаде и малку мед, но така што вкупната количина за денот да не надминува 1 лажица.

Со секоја порција моркови може да се консумира и по еден свеж плод: јаболко, киви, грејпфрут, портокал. Јаболкото, може да се изренда и да се измеша со морковите, а може да се јаде и одделно. Наместо последната порција моркови за денот може да изедете еден грејпфрут.

Пожелно е да се пие колку што е можно повеќе вода и чај (зелен или билен) без шеќер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП