25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАDisney го гаси LucasArts

Disney го гаси LucasArts

lucasarts-logo-grim-fandango

По само пет месеци од купувањето на компанијата „Lucasfilm“, „Disney“ одлучи да го угаси одделението во компанијата задолжено за видео-игри „LucasArts“.

Гасењето на „LucasArts“ исто така значи и прекинување на работата на моменталните игри, „Star Wars: First Assault“ и „Star Wars 1313“.

„По оценката за нашата позиција на пазарот на видео-игри одлучивме дека „LucasArts“ не треба повеќе да се занимава со развивање на игри. Наместо тоа лиценцата ќе ја дадеме на други студија се со цел да го задржиме квалитетот на брендот“, стои во соопштението од „Disney“.

Оваа информација посебно ќе ги разочара фановите кои се надеваа на продолжението на играта „X-Wing“, а надежта им ја подгреаа од „LucasArts“ кога објавија оглас во кој бараа програмери кои се стручни во симулации за летање и кои би работеле на игра чија работа е сместена во вселената.

„LucasArts“ е најпознат по своите игри во деведесетите години од минатиот век меѓу кои се најдоа „The Secret of the Monkey Island“, „Grim Fandango“ како и многуте наслови на „Star Wars“. „Disney“ го купи „Lucasfilm“ во октомври 2012-та година за 4.04 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП