28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрибина и промовирање летоци за безбедна храна во Струга

Трибина и промовирање летоци за безбедна храна во Струга

bezbedna-hrana

Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Република Македонија денеска во Струга ќе ги претстават информативните и едукативни летоци наменети за потрошувачите.

Преку летоците граѓаните ќе може да добијат повеќе информации за општите и посебните означувања на храната и на адитивите, за читањето на етикетите на прехранбените производи, за означување на ГМО и на алергените во храната, како и за нутритивните и здравствените тврдења.

Промоцијата е дел од проектот „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“ што го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачите, како и од Програмата на Владата за заштита на потрошувачите.

Агенцијата воедно организира и трибина на која потрошувачите и операторите со храна ќе се информираат за состојбата со примена на ХАЦЦП во производсвото и прометот со храна, вршењето инспекциски надзор над храната од домашно производство и од увоз, како и за општите и посебните барања за означување на храната.

На трибината ќе присуствуваат претставници од Агенцијата, инспектори, ветеринари, операторите со храна, како и претставници на локалната самоуправа, Организацијата на потрошувачите, образовни институции и здруженија на граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП