23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедница на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток...

Седница на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб

magreb

Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и од Магреб денеска ќе одржи редовна седница на која ќе бидат презентирани информации за тековните движења во билатералната трговска размена и тенденциите во меѓусебната економска соработка со Јордан, Палестина, Либан, Сирија, Ирак, Иран, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Саудиска Арабија, Египет, Либија, Тунис, Алжир и Мароко.

На седницата ќе стане збор и за официјалната посета на раководството на Стопанската комора на Македонија на коморите на Иран, Азербејџан и Грузија, како и на Одборот за надворешна економска соработка на Турција (ДЕИК).

Предвидено е учество на претставници од министерствата за надворешни работи, за економија, за внатрешни работи и од Царинската управа на Република Македонија.

Царинската управа ќе информира за текот на имплементацијата на Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијално потекло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП