25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов даночен рај – Андора

Нов даночен рај – Андора

andora1

Андора во последните месеци стана ново место кое го привлекува рускиот капитал.

Банките во Андора отворија бројни сметки наменети за русите кои сакаат да ги преместат своите пари, пишува шпанскиот економски весник „Expansion“.

Експертите веруваат дека Андора како „даночен рај“ за богатите граѓани на Русија со тек на време ќе го замени Кипар. Тоа е така бидејќи парите од руските граѓани пристигнуваат од кипарските банки, пренесува „Deutsche Welle“. Андора живее од странски туризам, ски патеките и банките кои се вкупно пет.

Земјата не е членка на Европската унија, но нема своја валута и го користи еврото.

Инвеститорите не плаќаат данок за своите банкарски сметки, освен граѓаните на некои земји од ЕУ со кои во Андора е потпишан договор за размена на даночни информации. Но, сите странци плаќаат 400 до 500 евра годишно за управувањето со сметката.

Клиентите во документите од банките не се заведени под име и презиме, туку под соодветен број. Ваква сметка во Андора може да отворите за 15 минути. Банката не бара никакви потврди за потеклото на парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП