20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставување на ИПАРД измените во Битола и Ресен

Претставување на ИПАРД измените во Битола и Ресен

konjanovski-zoran

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, денеска ќе се обрати на ИПАРД форумите „Нови измени во ИПАРД Програмата – подобри можности за користење на европските фондови“ во Битола и Ресен.

Купувањето механизација, модернизирањето фарми, млекарници, пластеници и оранжерии, обновувањето на преработувачките капацитети, како и градењето и реновирањето на објектите за рурален туризам со средствата од европските претпристапни фондови, се дел од ИПАРД измените.

ИПАРД измените, кои воедно овoзможуваат за претпристапните средства да конкурираат и малите и средните претпријатија, ќе стартуваат со следниот јавен повик што треба да биде објавен во јуни годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП