25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКараванот „Купи куќа, купи стан“ на нова турнеја ширум Македонија

Караванот „Купи куќа, купи стан“ на нова турнеја ширум Македонија

proektna-kuka

Караванот „Купи куќа, купи стан“ стартува од денес, во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Денеска Караванот ќе одржи презентации во 17 часот во Гевгелија, Валандово и во Дојран.

Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои: Велес, Свети Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.

За информации за проектите на граѓаните им стојат и подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“ кои се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи, додека во Неготино, Демир Хисар, Делчево и Крушево се наоѓаат во подрачните единици на Управата за јавни приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП