29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и Франција побараа Министерство за финансии на еврозоната

Германија и Франција побараа Министерство за финансии на еврозоната

EU-Money-640x480

Еврозоната треба да продолжи да работи на структурните реформи и поблиска интеграција, вклучително и на Министерството за финансии на блокот, за да се постигне одржлив раст, велат гувернерите на француската и германската централна банка во коментар за германски весник.

Во статијата на „Sueddeutsche Zeitung“, насловена „Европа на крстопат“, тие пишуваат дека Европската централна банка (ЕЦБ) не е во позиција да создава одржлив долгорочен раст за 19-члениот монетарен блок, соопштува „Ројтерс“.

ЕЦБ не ја постигнува целната инфлација од 2% веќе три години по ред и е малку веројатно да го направи тоа наскоро поради ниските цени на нафтата, незначителниот економски раст, слабото кредитирање и скромните зголемувања на платите во еврозоната.

„Иако монетарната политика направи многу за економијата на еврозоната, таа не може да создаде одржлив економски раст“, велат претседателот на „Bundesbank“ Јенс Ваидман и на француската централна банка Вилерој де Гало.

Наместо тоа на еврозоната и треба решавачка програма на структурни реформи, амбициозна унија за финансирање и инвестиции, како и подобра рамка на економската политика, велат уште Ваидман и Вилерој де Гало.

Идејата за вакво министерство беше презентирана во 2011-та година со цел зајакнување на координацијата на националните политики, откако економската криза ја принуди Европската унија да ги финансира заемите за спас од стотици милијарди евра на Грција, Ирска и Португалија.

„Сегашната асиметрија меѓу националниот суверенитет и вкупната солидарност создава опасност за стабилноста на нашата монетарна унија“, потенцираат тие.

„Посилната интеграција изгледа е најочигледниот начин да ја повратиме довербата во еврозоната, бидејќи тоа ќе го поттикнува развојот на заеднички стратегии за државните финансии и реформи за промовирање на растот“, велат тие.

Поконкретно тие повикуваат на создавање на вкупно Министерство за финансии, поврзано со независен фискален совет, како и создавањето на силен политички орган кој ќе донесува одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП