20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Франција зема замав

Економијата на Франција зема замав

francijakrizafrance

Бруто домашниот производ (БДП) на Франција во првиот овогодишен квартал би требало благо да забрза по ланската највисока стапка на раст во последните четири години, се вели во денес објавената прогноза на Централната банка на Франција.

БДП на втората по големина најголема економија на еврозоната, според проекциите на банката, ќе порасне за 0,4 проценти во првите три месеци од тековната година, што е благо забрзување во однос на растот од 0,2 проценти во последниот квартал во 2015 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Прогнозите на централната банка се базираат на резултатите од анкетата спроведена во компаниите, кои очекуваат дека во февруари ќе дојде до подобрување на индустриските активности, како и во услужниот и градежниот сектор.

Во јануари, како што се наведува во соопштението на банката, регистриран е раст на индустриското производство, како и подобра испорака на автомобили, електрична опрема и храна.

За 2016 година владата во Париз прогнозира раст на БДП од 1,5 проценти.

Економијата на Франција според минатомесечното соопштение на националната статистичка агенција ИНСЕЕ, порасна за 1,1 проценти во 2015 година, што е најбрзото темпо на раст на француската економија од 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП