20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens укинува или преместува 1.000 работни места

Siemens укинува или преместува 1.000 работни места

Siemens

Германскиот индустриски конгломерат Siemens планира да укине или да премести во други земји над 1.000 работни места од одделот за производство на погони наменети за производители на нафта и на рударски компании, бидејќи ниските цени ги натераа овие компании да ја намалат капиталната потрошувачка, пишува германски Handelsblatt.

Siemens планира резови со оглед дека капацитетите за процесна индустрија и погони во Германија не се искористени, објави весникот, повикувајќи се на извори во индустријата.

Siemens, кој неодамна најави укинување на работни места поради придушен економски раст и слабата побарувачка на клиентите од енергетскиот сектор, одби да ги коментира овие написи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП