18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈП „Комунална хигиена“ промовираше возила на електричен погон

ЈП „Комунална хигиена“ промовираше возила на електричен погон

sk vozila 33

Возила на електричен погон на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ беа промовирани на плоштадот Македонија во Скопје.

„Градот Скопје го продолжува проектот за електромобилност и на него се приклучуваат и јавните претпријатија на Градот кои со набавката на овие електрични возила ќе придонесат граѓаните на Скопје да дишат почист воздух“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Новите возила, како што појасни Трајановски, ќе се користат за чистење, миење и полирање на мермерните плочки на плоштад Македонија, како и за чистење на другите плоштади и пешачките зони во централното градско подрачје.

ЈП „Комунална хигиена“ набави две возила на електричен погон-метлачки „Еурека“, едно возило метлачка на електричен погон со моќ на моторите 5-6 kw и едно специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад од садови со капацитет од 120 литри – ѓубретарка, за коишто издвои околу 13, 5 милиони денари.

Претходно и ЈП „Градски паркинг“ набави седум електромобили со ретро дизајн, пет елекротротинети, 10 електровелосипеди и уште пет електромобили. Исто така и Градот Скопје набави едно возило на електричен погон, пет електроскутери и пет електровелосипеди коишто ги користат вработените во градската администрација.

„Сакам да потенцирам дека сите јавни претпријатија во своите буџети за 2016 година имаат планирано средства за набавка на возила на електричен погон кој ќе ги користи нивната администрација“, истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи, посочи дека овие возила се лесни за ракување, не создаваат бучава и не го загадуваат воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користат во делови она градот каде што има голема фреквенција на пешаци.

Двете возила на електричен погон- метлачки „Еурека“ се од италијанско производство и се користат за одржување на хигиената на плоштадот Македонија и за другите плоштади, како и за пешачките зони во централното градско подрачје. Една метлачка може да исчисти 8.500 квадратни метри за еден час, а брзината на движење е од 4 до 8 километри на час. За набавка на двете возила на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши  5.750. 000 денари (без ДДВ).

Едното возило-метлачка е со моќ на моторите 5-6 kw, во континуирана работа и напојување на батерии од 48V. За набавка на ова возило на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши 3.410.000 денари (без ДДВ).

Специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад од садови со капацитет од 120 литри – ѓубретарка со АC електричен мотор со максимална моќност 14 kw, со моќност на батерии од минимум 8,7 kw. Со едно полнење на батеријата возилото може да работи 9 часа.

За набавка на ова возило на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши  4.289.000 денари (без ДДВ).

ЈП „Комуналана хигиена“ се подготвува да набави и три електромопеди – два од 2,5 kw и еден од 1,2 kw, кој ќе ги користат вработените на ова јавно претпријатие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП