20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетските резерви на Саудиска Арабија на најниско ниво

Буџетските резерви на Саудиска Арабија на најниско ниво

rijad

Буџетските резерви на Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, паднале кон крајот на минатата година на 611,9 милијарди долари, најниското ниво од 2011 година, се наведува во извештајот на саудиската инвестициска компанија Saudi Jadwa investment.

Во извештајот се наведува дека дефицитот настана заради намалување на приходите од продажбата на нафта.

Според проекциите на оваа компанија, буџетските резерви ќе паднат на околу 500 милијарди долари до крајот на оваа година, бидејќи цените на нафтата загубија три четвртини од вредноста од средината на 2014 година.

Ова кралство, како втор најголем производител на нафта по Русија, минатата година регистрираше рекорден буџетски дефицит од 98 милијарди долари, откако приходите од продажбата на нафта паднаа 60 отсто, на дури 118 милијарди долари.

За да може да го финансира буџетскиот дефицит, официјален Ријад во декември најави низа мерки на штедење, меѓу кои е и подигање на цените на горивата за 80 отсто и зголемување на цената на електричната енергија, природниот гас и водата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП