20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските девизни резерви во јануари намалени за речиси 100 милијарди долари

Кинеските девизни резерви во јануари намалени за речиси 100 милијарди долари

dolari4224242

Кинеските девизни резерви во јануари паднале за речиси 100 милијарди американски долари, на најниско ниво во последните три години.

Кинеските девизни резерви во јануари се намалени за 99,5 милијарди долари, на околу 3.200 милијарди долари, објави кинеската централна банка во недела на официјалната интернет страница.

Загриженост заради забавувањето на кинеската економија ја спушти кинеската валута јуан на најниското ниво во последните пет години. Кина лани првпат во историјата забележа пад на девизните резерви на годишно ниво, бидејќи централната банка со продажбата на долари се обидува да спречи понатамошна девалвација на јуанот, потсетува AFP.

Кинеската централна банка продава долари и купува јуани во контекст на одливот на капитал од земјата што го поттикна стравот на инвеститорите од забавување на активностите во втората по големина светска економија.

Јануарскиот пад на резервите е сепак нешто поблаг од оној што беше во декември, кога резервите беа намалени за 108 милијарди долари, најмногу од кога се води евиденцијата.

Кинеските власти, исто така, ги зајакнаа мерките за контрола на капиталните текови за да го запрат одливот на пари од земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП