25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung работи на моделот Galaxy A9 Pro?

Samsung работи на моделот Galaxy A9 Pro?

adevet 00

Јужнокорејскиот производител на смартфони, „Samsung“, најверојатно развива нов паметен телефон од средната класа во лицето на моделот „Samsung Galaxy A9 Pro“, според шпекулациите кои се појавија на интернет.

Тестовите на моделот со кодирано име „SM-A9100“ почнаа во Индија, според информации од глобалната мрежа. Според запознаени станува збор токму за моделот „Samsung Galaxy A9 Pro“. Се очекува тој да е со големина на екранот од 5.5 инчи, а процесорот да е осумјадрен „Snapdragon 652“, со фреквенција од 1,8 GHz.

adevet 01

Едно од најзначајните подобрувања во однос на моделот „А9“, се очекува да биде зголемувањето на оперативната меморија до 4 GB, во споредба со 3 GB во моментов. Другото суштинско подобрување се очекуваната 15-мегапикселна камера која според „GFXBench“, поконкретно ќе е 15.92 мегапикселна. Предната камера ќе има резолуција од 7.99 мегапиксели.

За споредба моделот „Galaxy A9“ е со 13-мегапикселна главна камера. Според информациите на интернет, „Samsung“ ќе ја користи камерата на „Sony“ со објектив „IMX298“.

Според прогнозите, се очекува смартфонот да биде официјално претставен во следните неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП