17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес во функција новиот EMG апарат во Поликлиниката Ѓорче Петров

Од денес во функција новиот EMG апарат во Поликлиниката Ѓорче Петров

emg-aparat

Во поликлиниката во скопската населба „Ѓорче Петров“ од денес (понеделник) ќе биде ставен во функција новиот EMG  апарат кој е неопходен како дијагностичка процедура во делот на неврологијата, но и во други специјалности, најави во неделата министерот за здравство Никола Тодоров.

„EMG апаратот се воведува првпат во историјата на Здравствен дом Скопје и за него има огромна потреба, имајќи предвид дека во Клиниката има два вакви апарати и еден во ГОБ „8 Септември“. Новиот апарат сериозно ќе помогне да се забрза пристапот до овие услуги на пациентите и да добијат побрзо здравствена услуга и поблиску до своето месето на живеење“, рече министерот за здравство Никола Тодоров по посетата на поликлиниката.

Според него апаратот е веќе ставен во функција, а докторката која ќе го опслужува беше на шестмесечна обука, од кои три месеца на Клиниката во Скопје и три месеца во Словенија, со што целосно се стекнала со неопходните знаења и вештини за работа на овој уред за кој исткана дека е најсовремен EMG апарат,

Тодоров додаде дека Здравствен дом Скопје досега годишно испраќал по 700 до 800 пациенти кон други здравствени установи за таквата дијагностичка услуга.

„Воведувањето на новиот апарат, сериозно ќе влијае на намалувањето на време на чекање и на достапноста на ваквата здравствена услуга“, истакна министерот.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ, пак, рече дека во изминативе неколку години сериозно се работи Поликлиниката Ѓорче Петров да се доопреми со нови кабинети, и истакна дека во 2013 година беа отворени кабинетот за уво, нос и грло и кабинетот за неврологија, а во 2015-та кабиент за кожни болести.

Истакна дека докторот кој ќе работи на EMG апаратот е преземен од приватна здравствена установа и веќе е обучен за сите процедури кои може да се работат на ниво на Здравствен дом Скопје.

Појасни дека ќе бидат направени пет термини, бидејќи дијагностичката процедура трае од 40 минути до еден час, но доколку има потреба ќе бидат отворени и нови термини

EMG е интердисциплинарна дијагностичка процедура која ја користат повеќе области, а во прв ред во неврологијата, трауматологијата, ортопедијата, неврохирургијата и педијатријата и главно се користи за дијагноза на болести на периферниот моторен неврон и мускулни заболувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП