19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите градат 1.000 km „соларни“ патишта (видео)

Французите градат 1.000 km „соларни“ патишта (видео)

solar pat

Во следните пет години околу 1.000 километри од патиштата во Франција ќе бидат поплочени со соларни панели.

Проектот е одобрен од страна на Агенцијата за заштита на животната средина и ќе го реализира градежната компанија „Colas“ и францускиот Национален институт за соларна енергија.

Соларните панели со дебелина од само 7 mm ќе бидат поставени преку постоечката патна површина, и се дизајнирани да нудат слично ниво на контрола на пневматиците на асфалтот како и досега, но и да ја издржат масата на тешките камиони.

Се смета дека 4 должински метри пат поплочен со овие панели ќе обезедуваат доволно електрична енергија за потребите на едно домаќинство, не сметајќи ја енергијата потребна за затоплување на домот.

Последните тестирања ќе стартуваат напролет, а потоа се очекува да стартува работата на првата делница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП