23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИCisco: Мобилните податоци ќе го преплават светот

Cisco: Мобилните податоци ќе го преплават светот

inter soobrakaj 335

Глобалниот интернет сообраќај оваа година за прв пат ќе ја мине границата од еден зетабајт, по петкратното зголемување во последните 5 години, пишува „The Telegraph“.

„Cisco“, компанијата која обезбедува голем дел од светската интернет инфраструктура, наведува дека вкупната количина на сообраќај ќе достигне околу 1060 ексабајти, што е малку над еден зетабајт.

Тоа е незамисливо ниво – 1 милијарда терабајти или 1 трилион гигабајти или 1.000.000.000.000.000.000.000000 бајти. Со други зборови – 667 илјади милијарди филмови или 152 милиони години видео со висока резолуција.

inter soobrakaj 336

„Cisco“ предвидува дека интернет сообраќајот ќе се зголеми двојно во 2019-та година благодарение и на растот, придвижуван од се поинтензивното користење на мобилен сообраќај. Мобилниот сообраќај ќе расте просечно 57% годишно, но сепак поголемиот дел од сообраќајот ќе се генерира од стационираниот широкопојасен интернет.

Голем дел од мрежниот сообраќај, кој ќе бара огромни инвестиции во инфраструктура, ќе дојде од онлајн видеата. Видео стримингот ќе претставува до 41 отсто од целиот интернет сообраќај во оваа година и ќе се зголеми до 54% ​​во 2019-та година.

„Cisco“ забележува дека помалку од половина од сообраќајот ќе се генерира од персонални компјутери, отстапувајќи место на поврзаните телевизиски апарати, паметните телефони и таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП