29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Бредли го замолкна Кливленд

НБА: Бредли го замолкна Кливленд

bostonaki 00

Десет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, а ноќта ја обележа победата на Бостон во Кливленд 104:103. Бостон ја забележа 30-та победа во сезоната, а Кливленд го претрпе 14-от пораз.

Ејвери Бредли со звукот на сирената постигна тројка со која Бостон славеше кај водечката екипа на Истокот, Кливленд. Ајзеа Томас со 22 поени, односно Еван Тарнер (19 поени, 12 скокови, девет асистенции) го предводешe Бостон до победата.

На спрoтивната страна Леброн Џејмс постигна 30, Џеј Ар Смит 20, а Кајри Ирвинг 19 кошеви. Кливленд последната четвртина ја одигра без Кевин Лав, кој го повреди колкот.

Најубедливата победа ја забележаа кошаркарите на Сан Антонио кои во Далас триумфираа со 116:90. Денвер, Атланта, Вашингтон, Бруклин и Јута славеа како домаќини против своите опоненти.

Резултати: Атланта-Индијана 102:96, Шарлот-Мајами 95:98, Орландо-ЛА Клиперс 93:107, Вашингтон-Филаделфија 106:94, Бруклин-Сакраменто 128:119, Кливленд-Бостон 103:104, Њујорк-Мемфис 95:91, Денвер-Чикаго 115:100, Јута-Милвоки 84:81, Далас-Сан Антонио 90:116.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП