20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВредноста на LinkedIn потона за 41%

Вредноста на LinkedIn потона за 41%

linkedin tuzba

Акциите на „LinkedIn“ очигледно го доживеаа најлошиот ден. Доминантна онлајн платформа за професионалци и специјалисти за човечки ресурси избриша со еден удар над 40% од пазарната капитализација. Акциите на мрежата загубија од својата вредност во почетокот на берзанското тргување на „Wall Street“ за околу 41% или до 112 долари за акција.

При затворањето на пазарот во четвртокот, цената беше 192,28 долари за акција, што даваше на компанијата пазарна капитализација од 25 милијарди долари. До четвртокот акциите на „LinkedIn“ веќе имаа изгубено 15% од почетокот на годината, а само пред една година акциите чинеа 270 долари за готово, пресметува „Bloomberg“.

Ова е најсериозен пад за акциите на оваа компанија и избриша околу 10 милијарди долари од нејзината пазарна капитализација. Во четвртокот компанијата објави дека очекува чистата нејзината добивка по акција за првото тримесечје да изнесува 0,55 долари за акција, но аналитичарите очекуваа 0,75 долари за акција, пренесува уште „Bloomberg“.

lik 00111

Компанијата очекува годишен приход од 3,6 милијарди до 3,65 милијарди долари, но пазарните очекувања беа за 3,9 милијарди долари.

„LinkedIn“ забележа приходи во износ од 861,9 милиони долари за четвртиот квартал, при загуба од 0,06 долари за акција, или 8,4 милиони долари. Нервозата на акционерите може да се разбере уште подобро, доколку погледнеме кон целата година. Загубата за 2015-та година изнесува 166 милиони долари во однос на само 15,3 милиони долари, една година порано. За последната година акциите на LinkedIn паднаа над 57%.

„LinkedIn“ исто така објави дека ги затвора „Lead Accelerator“, рекламната „Business-to-вusiness“ мрежа која ја купи во 2014-та година заедно со обезбедувачот на маркетинг услуги за бизнис „Bizo“ за близу 175 милиони долари. Одлуката сепак не им се допадна на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП