19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes во 2015-та за прв пат продаде преку 2 милиони возила

Mercedes во 2015-та за прв пат продаде преку 2 милиони возила

pmece 00

Компанијата „Daimler“, во чија сопственост е „Mercedes-Benz“, ги објави резултатите за работењето во 2015-та, година која донесе нов продажен рекорд.

„Mercedes-Benz“ автомобилската дивизија, која се состои од марката „Mercedes“ (со подбрендовите „Mercedes-AMG“, „Mercedes-Maybach“ и „Mercedes me“) и „Smart“, во годината која остана зад нас забележа раст на профитот и продажбата.

Бројот на испорачани возила ширум светот порасна шеста година по ред, и со 2.001.400 продадени единици (+16%), за прв пат ја мина границата од два милиони возила.

pmece 01

За растот на продажбата најмногу допринесоа новите модели, а најважни беа новата „C Сlasѕ“, потоа компактните автомобили и „SUV“ возила.

Кога станува збор за економската програма, теретните возила на „Daimler“ во 2015-та го зголемија бројот на продадени единици за 1% или на 502.500 возила, што е највисоко ниво од 2006-та година.

Комби возилата на „Mercedes-Benz“ потворно поставија рекорд во продажбата со зголемување од 9% или 321.000 единици. Овој резултат е пред се постигнат благодарејќи на високите стапки на раст на „V Сlasѕ“ и новиот „Vito“.

pmece 02

Од друга страна, компанијата „Daimler“ за автобуси забележа пад од 33.200 возила во 2014-та на 28.100 единици во текот на 2015-та година.

Во најзначајните проекти и вложувања во изминатата година се вбројуваат „Mercedes GLC“ и новиот „GLE“ модели, како и новото семјество од „E Сlasѕ“.

Заедно со „Audi“ и „BMW“, „Daimler“ во 2015-та го купи картографското одделение на „Nokiа“ – „HERE“ дигиталните мапи, кои се основа за новите помошни системи и автономното возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП