19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако ќе биде променет дизајнот на моделот iPhone 7?

Како ќе биде променет дизајнот на моделот iPhone 7?

diz ajfon

Уште сме на почетокот на годината, а гласините за тоа што може да очекуваме за речиси девет месеци од новиот „iPhone“ – во однос на техничките карактеристики и дизајнот, постојано се појавуваат во интернет просторот.

Прогнозите се дека новата седма серија ќе се одликува со значителни промени во дизајнот, а ќе бидат значително подобрени и многу од хардверските компоненти. Главната промена во дизајнот на смартфонот се очекува да биде во голема мера „контроверзното“ отстранување на аудио приклучок.

diz ajfon1

Според „MacRumors“ од „Apple“ ќе направат уште две големи промени. Првата промена е поврзана со камерата и со нешто што „Apple“ се стреми со години. Имено да се елиминираат „грдиот отвор“ од задната страна на уредот – нешто што е трн во очите на дизајнерите на компанијата и не им се допаѓа особено и на корисниците. Оваа водеше до тоа смартфонот да е нестабилен, кога ќе биде поставен во хоризонтална положба на масата, како и камерата да се влијае сериозно при падна на апаратот. Дизајнерската промена ќе биде возможна по развојот на потенок модулот на камерата.

Единствениот недостаток на промената во дизајнот ќе е тоа што најверојатно „Apple“ нема да ја претстави долгоочекуваната двојна камера која може да остане за следната „7S“ серија на моделот.

diz ajfon2

Другата промена во дизајнот, која се предвидува од изданието „MacRumors“, е отстранувањето на каналите за антена што се забележуваат на грбот на моделите „iPhone 6“ и „iPhone 6S“. Тоа ќе се рефлектира во повеќе чист дизајн. Од „MacRumors“ не прецизираат како од „Аpple“ ќе го направат тоа, но очекувањата се дека новата можност во голема мера ќе биде поврзана со „паметен алуминиум“, кој се очекува да биде искористен за правење на уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП