19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКомуникацијата со клиентите ви гарантира поголем успех

Комуникацијата со клиентите ви гарантира поголем успех

Business Communication Duplicate model

Претприемачите треба да ги слушнат своите клиенти што имаат да кажат. А најдобриот начин е да комуницираат со нив директно…

Ако поседувате и водите сопствен бизнис, сигурно сте зафатени. Мора да ги платите сметките, да се грижите за платите на вашите вработени, да вршите нарачки, итн. Доколку растете како компанија, имате се помалку време за да ги извршувате горе споменатите работни обврски, вклучувајќи и комуникација со луѓето кои се многу важни за вас, а тоа се вашите клиенти.

Не се работи за тоа да бидете цел ден надвор и да одговарате на сите барања на клиентите. Важно е да слушнете како тие го чувствуваат вашиот бизнис и да покажете дека ги слушате што тие имаат да кажат.

Доколку имате голем број на клиенти/потрошувачи, не е возможно да ги слушнете сите. Но сепак треба да одржувате близок контакт за да слушнете што луѓето мислат, и да бидете достапен најмногу што можете за комуникација со нив.

Поставете ја вашата мејл адреса на вашиот блог и веб сајт. Вклучете ги и социјалните мрежи, ова се најдобрите начини да се стигне до вас. Доколку некој сака да ви се јави директно направете и тоа да е возможно. Ќе дознаете дека потрошувачите кои ќе ве контактираат по телефон или по мејл, имале или прекрасно искуство или некој проблем кој треба да биде решен.

Кога клиентите ќе ве контактираат за прашање кое се однесува на некој од вашите производи, обидете се да го одговорите наместо да го препратите на некој од вашите вработени. Потрошувачот одвоил време да ја најде вашата мејл адреса, затоа потрудете се да одговорите, и тоа колку што може попрецизно на бараниот одговор.

Проверувајте ги социјалните медиуми, и видете што луѓето пишуваат за вашата компанија во целост. Исто така, добро е да се знае што луѓето зборуваат за лошите и добрите страни на конкуренцијата за да реагирате каде што е потребно.

Престижниот „Harvard Business Review“ објави статија за малиот процент на извршни директори кои ги користат социјалните медиуми во нивните бизниси. Најчесто тие имаат луѓе кои се одговорни за тој сегмент. Слушањето и гледањето од прва рака за тоа што вашите клиенти мислат е круцијално за вашиот бизнис. Дали сте достапни за вашите клиенти?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП