29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен без позначајни промени на Македонска берза

Ден без позначајни промени на Македонска берза

mk berza

Последниот ден на тргувањето оваа седмица (петок), како и претходниот трговски ден не донесе никакви позначајни промени на Македонската берза, вкупниот промет изнесуваше скромни 4 милиони денари остварен преку 41 трансакција.

Најтргувани повторно беа акциите на Комерцијална банка со промет од 2,5 милиони денари, што претставува учество од над 60 отсто од вкупниот промет. Минимална цена на тргување кај оваа акција беше 2.338 денари, додека максималната вредност достигна 2.350 денари.

Индексот МБИ-10 имаше пад 0,94 проценти и вредност од 1.810,38.

Невообичаена заинтересираност кај инвеститорите постоеше и за акциите на Топлификација АД Скопје, па така во петокот се истргуваа 1.448 акции по просечна цена од 558 денари и вкупна вредност од 808 илјади денари. Акцијата на Бетон АД Скопје забележа раст од цели 10 отсто, со само една истргувана акција и воедно се најде прва на листата на добитници.

Кај губитниците, пак, предводеше акцијата на Гранит АД Скопје со пад на просечната цена од 5,66 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП