23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple може да лансира уште апликации за Android

Apple може да лансира уште апликации за Android

Earns Apple

„Apple“ може да лансира уште од своите апликации за „Android“. За време на состанокот со претставниците на компанијата, Тим Кук изјавил дека не е исклучено проширување на уште услуги преку верзии за конкурентната платформа, соопштува интернет изданието „9to5mac“.

Според Кук ставање на „Apple Music“ за „Android“ минатата година беше најмногу „тестирање на теренот“ и студија на интересот на корисниците. Тој не дава повеќе подрбоности кои би биле следните апликации кои ќе добијат верзии за „Android“, ниту кога би се случило тоа. Веројатно компанијата би се насочила прво кон други услуги како „iMessage“ и „iCloud“ пример, кои ќе го привлечат вниманието на корисниците.

Тоа е дел од стратегијата на „Apple“ да ја намали зависноста од „iPhone“, кој во моментов обезбедува најголемиот дел од приходите на компанијата. Сепак Кук истакна дека „iPhone“ ќе продолжи да биде приоритет за „Apple“. Според него тоа е „најдобриот бизнис на иднината“ и смартфонот има уште децении на раст.

Според Кук интересот за „iPad“ исто така ќе се врати кон крајот на оваа година. Фокус ќе биде и „Apple TV“, чија продажба расте се повеќе, забележува Кук. Тој алудира и за неколку амбициозни нови уреди на компанијата, кои се очекуваат во наредните години, но не дава детали за нив.

Кук објави уште дека новата централа на компанијата ќе биде подготвена до крајот на 2017-та година, кога првите вработени ќе бидат преместени таму. Според Кук новата централа ќе е „дар“ за иднината на вработените во „Apple“ и ќе им овозможи на компанијата да е уште независна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП