19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Kwid се приближува до Европа

Renault Kwid се приближува до Европа

r kwid 00

Компанијата „Renault“ индиректно ги потврди тврдењата дека се подготвува да пушти на пазарот во Европа малиот хечбек „Kwid“. Автомобилот беше создаден за пазарите во Индија и Бразил, а само за 4 месеци беа добиени над 100.000 барања за него.

На автосалонот „Auto Expo“ во Њу Делхи, Французите претставија две нови модификации на „Kwid“ кои засега се само концепти, но најверојатно ќе се појават и во сериски варијанти. Првата е „Racer“ и е насочена кон оние кои сакаат повисоки брзини, а втората – „Climer“ е погодна за излети во планина.

r kwid 01

„Renault Kwid Racer“ се одликува со аеродинамична каросерија, 18-инчни бандажи со низок профил на гуми, црниот покрив, задниот спојлер и дифузерот. Во кабината се поставени спортски седишта, спортски волан и панел. Задните седишта се заменети со сигурносен каркас.

r kwid 02

За возврат „Renault Kwid Climer“ остави впечаток со зголемувањето на растојанието од тлото, различните тркала и со присуството на заштитни плочи во предниот и задниот дел на каросеријата. Покрај тоа концептот добил дополнителни сини елементи и „LED“ дневни светла.

r kwid 03

Заедно со двата модела Французите демонстрираа и нов 1,0-литарски бензински мотор со 3 цилиндри, кој ќе се постави на „Kwid“. Засега не се соопштува силата, но се знае дека е во комбинација со 5-брзински автоматски менувач со 3 начини на работа. Се очекува токму овој агрегат да се појави на европската верзија на моделот.

r kwid 04

Во моментов на пазарот во Индија хечбекот е достапен со 0,8-литарски мотор со 54 КС, кој работи во комбинација со 5-брзински мануелен менувач. Цената на моделот стартува од 3.800 американски долари.

r kwid 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП