16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Колку приходи генерираат технолошките гиганти за 10 секунди?

График на денот: Колку приходи генерираат технолошките гиганти за 10 секунди?

teh grafik 00

Нема сомнение, дека факторот, кој најдлабоко влијае на модерниот живот, е способноста да репродуцираме и чуваме податоци за речиси никаква цена. Оваа револуција во информациите ни обезбедува изобилство од придобивки и можности на исклучително ниска крајна цена, коментира „VisualCapitalist“.

Речиси бесплатно можеме да се поврземе со глобалното изобилство на целото човеково знаење. Нови апликации со прекрасни карактеристики чинат помалку од долар, а дури месечните за „Netflix“ тешко може да се почувствуваат во сметките на крајот на месецот. Во меѓувреме ги споделуваме мислите со семејствата и пријателите, бесплатно преку социјалните мрежи, електронските пошти и други средства за комуникација. Тоа немаше како да се случи досега во целото човечко постоење, а денес е можно само поради неверојатниот свет на интернет просторот.

teh grafik 01

Иако сите да ја правиме врската, дека овие одделни активности помагаат за зголемување на приходите на светските технолошки гиганти, крајниот износ и обем на броевите во збирната пресметка се речиси неразбирливи за човечкиот мозок.

Колку точно пребарувања во „Google“ прави секој од нас секојдневно? А колку градот во кој живееме, или земјата? А колку се пребарувања во целиот свет?

Графиконите кои ги презентира „VisualCapitalist“, го разгледуваат токму обемот на податоци обработен на секои 10 секунди од светските технолошки гиганти, како и најимпресивните приходи, кои секој еден од нив ги акумулира за овој краток период на време.

teh grafik 02

Само за 10 секунди биле трансферирани близу 225.000 GB информации објавени над 500.000 функции на „Facebook“, 57.000 твитови, направени се над 46.000 пребарувања во „Google“ и се испратени над 2 милиони пораки преку „WhatsApp“.

А за истото тоа време од 10 секунди и благодарение на информациите што се создаваат во тоа време, приходите на „Facebook“ изнесуваат 2.490 долари, на „Twitter“ – 210 долари, а на „Google“ – 17.610 долари.

А ако сакате да следите што се случува со компаниите во реално време, кликнете овде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП