20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube ќе нуди сопствени филмови и серии

YouTube ќе нуди сопствени филмови и серии

red youtube

Платена верзија на „YouTube“ ќе нуди филмови и серии, кои се специјално дизајнирани за видео порталот. Тие ќе бидат дел од претплатата за „YouTube Red“, која чини 10 долари месечно и нема да се доплаќа за нив.

Првите три филма и еден серијал ќе се достапни од 10-ти февруари годинава. Содржината се создава од популарни „YouTube“ канали, кои веќе имаат милиони претплатници (од бесплатниот тип). Меѓу нив е гејмерот „PewDiePie“ со речиси 42 милиони претплатници, кој ќе излезе од светот на видео игрите и ќе експериментира со „авантуристичка риалити“ серија.

Меѓу филмовите ќе има акција, анимации, комедии, документарни и други. Видео порталот планира уште најмалку седум филмови и серии, кои треба да се појават оваа година. И оваа содржина ќе се создава од популарни канали на „YouTube“. На овој начин видео порталот сака да се издвојува од останатите стриминг услуги и да нуди повеќе нетипична содржина подалеку од онаа што ја создаваат професионалните студија.

Платената „YouTube Red“ беше претставена во есента минатата година. Во неа нема реклами и се нуди можност за зачувување на клипови за гледање. Во услугата е вклучен и пристап до „YouTube Music“, кон кој пак е додаден и „Google Play Music“. Компанијата сепак си навлече и критики, откако се покажа дека сите создавачи на видео содржини кои го дозволуваат ставањето на реклами, задолжително треба да учествуваат и во „YouTube Red“. Инаку клиповите ќе бидат означени како „приватни“ и нема да можат да се откриваат од страна на пребарувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП