20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ8 намирници кои го поттикнуваат хормонот за раст

8 намирници кои го поттикнуваат хормонот за раст

ananas-koj-toj

Не ја заборавајте улогата на правилната исхрана во изградбата на мускулите…

Намирници со Мелатонин

„Намирниците богати со мелатонин можат да го зголемат производството на хормонот за раст за неверојатни 157 проценти. Ставете малку малини во вашите овесни снегулки и поттикнете го хоромонот за раст“, порачуваат од  Clinical Endocrinology.

Витамин Д

„Недостатокот на витамин Д е во директна врска со намаленото ниво на машки хормони, но рибата како лосос обезбедува 271 процент од вашата препорачана дневна доза во само 100 гр порција“, објаснуваат научниците од Универзитетот во Осло.

Ананас

„Ананасот е сјаен извор на сератонин, хормонот за задоволство. Јадете го доцна и подобрете го сонот и поттикнете го растот на машкиот хормон“, објави  The Journal of Clinical Investigation.

Кокосово масло

„Додадете малку кокосово масло во вашиот шејк пред тренингот со цел да го поттикнете производството на хормонот за раст и подобрете ја експлозивноста при тренингот за отпор“, Journal of Endocrinology.

Зеленчук

„Доколку ви е потребна ужинка пред тренингот, одлучете се за зеленчук. Сојата е сјаен извор на Л-аргинин, кој го зголемува нивото на хормонот по 30 минути“, Department of Exercise Science at Syracuse University.

Боранија

Боранијата е богата со Л-доп, кој ја стимулира хипофизата и производството на хормонот за раст кој им е потребен на вашите мускули“, Kobe University School of Medicine, Јапонија.

Говедско месо

„Протеините од говедското месо и амино киселините кои се наоѓаат во него ја помагаат синтезата на Л-оронин, состојка која го поттикнува хормонот за раст и до четири пати“, Унивезитетот од Хјустон.

Намирници богати со глутамин

„Научниците открија дека само 2 грама намирници богати со амино киселината глутамин, како јогуртот, се доволни за да го зголемат производството на хормонот за раст“, Department of Physiology, Универзитетот од Лузијана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП