28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel ја покажа новата Mokka (фото)

Opel ја покажа новата Mokka (фото)

mokica 00

„Opel“ покажа подобрена верзија на бестселерот „Mokka“. Моделот доби нови дизајн, мотор, 4х4 пренос и опрема, како и ознаката „X“. Станува збор за знакот „Х“ и ќе го имаат сите идни кросовери и „SUV“ автомобили на марката.

mokica 01

Новата „Mokka X“ може лесно да се разликува по обновената надворешност. Моделот демонстрира хоризонтална предна решетка во вид на крила, нови дневни „LED“ светла и разни светилки со специфична графика. Сличен елемент се гледа и кај стоп светлата, а дизајнерите имаат подготвено и две дополнителни бои за моделот – „Amber Orangе“ и „Absolute Red“.

mokica 02

Уште голема е промената во ентериерот, која претставува целосно нова инструмент-табла, инспирирана од новата „Astra“. Централната конзола може да биде опремена со 7- или 8-инчен екран на допир, благодарение на што се отстранети повеќето физички копчиња.

mokica 03

Новина под капакот на моделот е бензинецот 1,4-литарскиот „Direct Injection Turbo“ со моќност од 152 КС. Агрегатот неодамна го направи своето деби во новата „Astra“, а кај „Mokka X“ ќе се нуди во комбинација со шест брзински автоматски менувач, „Start/Stop“ и адаптивен двоен пренос. Просечната потрошувачка е 6,6 l / 100 km, покажува информацијата.

mokica 04

Системот за двоен пренос со електромагнетен механизам и повеќе дискови, спојката е целосно нова и го дистрибуира вртежниот момент од 100 проценти на предните тркала до 50/50 проценти кон предната и задната оска.

За моделот се предвидени и дизел агрегати со зафатнина од 1,6 литри и максимална моќност од 110 КС или од 136 КС.

mokica 05

Во опремата на „Opel Mokka X“ можат да бидат вклучени голем број на нови технологии, меѓу кои индивидуализираните „AFL LED“ светла, новата генерација на фронталната камера „Opel Eye“, препознавање на сообраќајните знаци – „TSA“, системот за индикација на растојанието до кој се придвижува автомобилот кој е напред – „FDI“, инфо-забавниот систем „IntelliLink“ и многу други.

mokica 06

„Opel Mokka X“ ќе има светската премиера во март на претстојниот автомобилски саем во Женева и оваа есен ќе се појави на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП