24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЏек Ма ќе ви објасни зошто сте сиромашни

Џек Ма ќе ви објасни зошто сте сиромашни

alibaba-group-jack-ma-660x330

Основачот на кинеската платформа за веб трговија „Алибаба“, Џек Ма, рекол дека најлоши работници се – сиромашните луѓе.

„Дајте им бесплатно, мислат дека тоа е замка. Кажете им дека тоа е мала инвестиција, тие ќе речат дека не можат многу да заработат. Дајте им предлог да вложат многу, тие ќе речат дека немаат пари. Предложете им да пробаат нови работи, ќе се жалат дека немаат никакво искуство. Кажете им дека тоа што го прават е традиционална работа, тие ќе речат дека е тешко да се работи. Ако им кажете дека тоа што го работат е нов бизнис модел, тие ќе речат дека тоа е МЛМ маркетинг (начин на дистрибуција во кој фирмата ги продава своите производи по пат на самостојни дистрибутери на крајните купувачи)“ – изјави еден од најбогатите луѓе во Кина и додаде:

„Ако пак им предложите да отворат продавница, тие ќе се жалат дека немаат слобода. Кога ќе им предложите да покренат нова работа, ќе ви кажат дека не се доволно стручни.“

Џек Ма исто така рекол дека сиромашните луѓе сакаат за се да го прашаат „Гугл“, да ги слушаат пријателите кои се безнадежни како и тие. Тие мислат повеќе од универзитетски професор, а работат помалку од слеп човек.

„Само прашајте ги, што работат и нема да можат да ви одговорат“ – изјавил Ма.

На крајот го изнел својот заклучок:

„Наместо вашето срце да чука побрзо, зошто едностаставо не дејствувате малку побрзо? Наместо само да размислувате за нешто, зошто не направите нешто по тој повод? Сиромашните луѓе пропаѓаат поради едно заедничко однесување. Целиот нивен живот е во чекање!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП