28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell укинува 10.000 работни места по остриот пад на добивката

Shell укинува 10.000 работни места по остриот пад на добивката

shel 33

Нафтената компанија Royal Dutch Shell денеска порача дека ќе укине 10.000 работни места бидејќи добивката лани забележа најголем пад во последните 13 години.

Компанијата во четвртиот квартал остари добивка од 1,8 милиони долари во споредба со 4,2 милијарди долари во однос на истиот период лани. Во цела 2015 година оствари добивка од 3,8 милијарди долари, во споредба со 19 милијарди долари во 2014 година.

Минатиот месец, акционерите на Shell, најголемата европска нафтена компанија, го поддржаа преземањето на помалиот конкурент BG Group и тогаш нафтената компанија најави дека ќе отпушти 10.000 работници доколку продолжи преземањето.

Извршниот директор Бен ван Беурден рече дека компанијата, доколку биде потребно поради остриот пад на цената на нафтата ќе преземе натамошни мерки.

„Shell ќе донесе дополнителни впечатливи одлуки за да опстане во услови на пад на цената на нафтата“, истакна Ван Беурден.

Компанијата минатата година значително ги намали инвестициите, спуштајќи ги капиталните издатоци на 28,9 милијарди долари, што е за 8,4 милијарди долари помалку во однос на 2014 година.

Shell исто така продаде имот во вредност од 5,5 милијарди долари и планира да продаде натамошни 30 милијарди долари имот за да ги одржи финансиските резултати под притисок на падот на цената на нафтата.

Поради преголемата понуда, а премалата побарувачка цената на нафтата во последните 18 месеци падна од над 100 на околу 30 долари по барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП