20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНептун гради голем дистрибутивен центар во Илинден

Нептун гради голем дистрибутивен центар во Илинден

neptun-----

Компанијата Нептун Македонија ДОО почна со градба на нов стопански објект-дистрибутивен центар, што ќе се простира на површина од 7.000 метри квадратни во стопанскиот комплекс „Илинден“ во Општина Илинден.

Вкупната инвестиција, според инвеститорот, изнесува 3 милиони евра, што ќе овозможи отворање на 40 нови работни места. Новиот објект треба да биде готов до август, годинава.

Со изградбата на овој стопански објект продолжува инвестицискиот циклус во Општина Илинден, како една од најатрактивните дестинации за инвеститорите од земјата и од странство, се вели во соопштението на општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП