25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse со првата годишна загуба од 2008-ма година

Credit Suisse со првата годишна загуба од 2008-ма година

credit svviss

Швајцарската банка „Credit Suisse“ ја забележа првата годишна загуба од 2008-ма година. Загубата се должи главно на распределбата на сериозна сума за обезвреднувањето на инвестициското банкарство, кое е дел од стратегијата на новиот извршен директор Тиџане Тиам, соопштува „Ројтерс“.

„Пазарните услови во јануари 2016-та година остануваат предизвик и очекуваме пазарите да продолжат во исто темпо во текот на остатокот од првиот квартал на 2016-та година, бидејќи макроекономските проблеми се уште се присутни“, изјави Тиам, кој ја презеде должноста во јули.

Втората најголема швајцарска банка предвиде нето загуба за 2015-та година од 2,94 милијарди швајцарски франци (2,92 милијарди долари), што е доста полошо од средната оценка за загуба од 2,12 милијарди франци на аналитичарите во анкетата на „Ројтерс“.

Како што беше наведено, банката одвои 3,8 милијарди франци за отпишување во четвртиот квартал како резултат на новата стратешка насока која Тиам ја презеде, фокусирајќи се повеќе на управувањето на благосостојбата и помалку на инвестициското банкарство.

Отпишувањето е главно поврзано со стекнувањето на „Donaldson“, „Lufkin & Jenrette“ во 2000-та година, вели банката.

„Credit Suisse“ изјави дека ја забрза програмата за намалување на трошоците и веќе презела активности за 34% од мерките планирани до 2018-та година, или за 1,2 милијарди од целните 3,5 милијарди франци.

Во октомври Тиам го започна најголемото реструктуирање на „Credit Suisse“ во последнава деценија. Тој привлече 6 милијарди франци од инвеститори да го зајакне бизнисот со управување на благосостојбата, го ограничи инвестициското банкарство и скрати работни места.

Малку повеќе од четири месеци по објавувањето на стратегијата многу аналитичари се уште не се сигурни како „Credit Suisse“ ќе ги постигне своите цели за раст, кои вклучуваат зголемување на профитот пред даноците од азиско-пацифичкиот регион повеќе од двапати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП