29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаросо лут поради банкарската унија

Баросо лут поради банкарската унија

baroso1

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо го критикуваше одложувањето на Европската банкарска унија, во време на кризата на презадолжениот Кипар.

„Ако банкарската унија постоеше денес, управувањето со тешкотиите со кои се соочуваме во Кипар ќе беше многу полесно“, изјави Баросо.

Лидерите на ЕУ во декември се договорија за формирање на банкарска унија и единствен супервизорски механизам. Новите чекори се очекуваа оваа година, но работата на нив е забавена.

„Сегашните околности ја зајакнуваат нашата одлучност да го реформираме управувањето во банките на смислен начин“, изјави Баросо.

Германија и Франција ги здружија силите и повикаа на формирање единствена банкарска супервизија како прв чекор од формирањето на банкарската унија, која ќе претставува основа за поголема интеграција на ЕУ и зајакнувањето на нејзината отпорност на евентуалните финансиски кризи во иднина. Меѓутоа, некои од клучните играчи, како што е Британија, се против таквиот потег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП