24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска подобро се заработува без диплома

Во Хрватска подобро се заработува без диплома

Hrvatska

Во Хрватска понекогаш е поисплатливо да се има занает отколку факултетска диплома, објави денеска „Слободна Далмација“, додавајќи дека полициската елита заработува помалку од малолетен дилер почетник.

– И додека некој потроши дел од животот на учење и усовршување и има одговорна работа, некој со помалку труд може по други патишта да дојде до повисока плата, наведува сплитскиот весник.

Полицаецот има основна плата од околу 3.500 куни (околу 460 евра) додека скапо платените проститутки за еден час земале од 300 до 500 евра, од кои 30 проценти одат за макрото.

Висококвалификуваниот работник во тутунската индустрија заработува 8.247 куни (околу 1.085 евра), а факултетските кадри просечно ги плаќа 14.747 куни (приближно 1.940 евра), што е многу подобра плата од тие кои се вработени во банкарскиот сектор, здравството и образованието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП