28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно опаѓа инфлацијата во еврозоната

Повторно опаѓа инфлацијата во еврозоната

inflacija-evrozona

Инфлацијата во 17 земји-членки на еврозоната во март падна трет месец по ред, на речиси најниското тригодишно ниво.

Европскиот завод за статистика  наведува дека потрошувачките цени во еврозоната во март биле за 1,7 отсто повисоки во однос на истиот месец од минатата година, што е најниско ниво од август 2010 година.

Иако инфлацијата е под границата на Европската централна банка, не се очекува на утрешниот редовен состанок на ЕЦБ промена на каматните стапки. ЕЦБ се колеба да ја намали основната каматна стапка под рекордно ниските 0,75 проценти иако еврозоната и понатаму е во рецесија, а инфлацијата во пад.

– И покрај слабеењето на инфлаторните притисоци и сите бројни знаци дека и така слабата економска ситуација се влошува, ЕЦБ најверојатно ќе се воздржи од намалување на каматните стапки, оценува економистот од консултантската фирма „ИХС глобал инсајт“, Хауард Арчер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП