29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да добиете работа? Слушнете го советот од човекот кој вработува 100...

Како да добиете работа? Слушнете го советот од човекот кој вработува 100 луѓе неделно

lasclo-660x330

Google секоја недела вработува 100 нови луѓе, а Ласко Бок како потпретседател на човекови ресурси во компанијата е задолжен за донесување на одлуки кој ќе биде вработен, а кој не…

Во интервуто за The New York Times тој даде еден од најдобрите совети како да се претставите самите себе кај идниот работодавец. Според неговите зборови, вашата цел на разговорот за работа треба да биде да се претставите себе си преку спрецифични вештини и особини и да и покажете на компанијата на кој начин таа ќе има корист од нив. Раскажете приказна од своето претходно искуство, не е доволно само да ги наброите фактите. Доколку на претходното работно место сте вовеле некоја новина, покрај тоа што ќе кажете што и како сте направиле, објаснете и зошто.

„Многу луѓе на разговорот за работа не ги изразуваат на најдобар начин своите мисли кога треба да објаснат како и зошто нешто направиле, дури и кога имаат добра приказна, не знаат да го објаснат својот процес на мислење“, вели Бок.

Уште еден од значајните совети се однесува на пишувањето на CV или молба. Бок вели дека кога пишувате за себе, вештините треба да ги нагласите со споредување на себе си со другите во вашата индустрија. Неговиот образец за ова гласи? „Постигнав X, што е важно за Y, работејќи Z“. Toa се објаснува вака: „Многу луѓе едноставно би напишале: Пишував статии за The New York Times, а подобро е да кажат: „Објавив 50 статии што е значително повеќе од просекот кој изнесува шест статии по писател, а тоа го постигнав благодарение на стручноста која ја поседувам во таа област, во ток од три години“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП