25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески: Кочани ќе добие современа патна мрежа, фекална канализација и социјални станови

Јанакиески: Кочани ќе добие современа патна мрежа, фекална канализација и социјални станови

janakieski

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Кочани најави изградба на современа патна инфраструктура на неколку патни правци во Осоговијата, 42 социјални станови и атмосферска канализација.

Ќе се осовремени патната инфраструктура од Кочани кон село Врговци во должина од 4,5 километри во вредност од 20 милиони денари, кон село Бели со должина од два километри и вредност од 9,2 милиони денари и кон селото Лешки во должина еден километар во вредност од 1,5 милиони денари.

– Ќе работиме паралелно и на проектот за одвојување на атмосферската од фекалната канализација во должина од 10 километри за чија реализација се веќе обезбедени финансиски средства во износ од 69 милиони денари од Европската инвестициска банка, благодет кој ќе го користат седум илјади жители на Кочани, истакна Јанакиески.

Тој ја најави дека наскоро ќе почне изгадбата на 42 социјални стана во населбата Калиманова глава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП