25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа пет години половина милион грци останале без работа

За пет години половина милион грци останале без работа

nevrabotenost-tragedija

Од 2008 до 2010 година сите работни места создадени во Грција од 2001 година се изгубени, а во последните пет години на длабока рецесија земјата изгубила 507.000 работни места од приватниот сектор, покажува истражување на двата најпретставителни синдикати – Заедничката конфердерација на трудот (ГСЕЕ) и Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ).

Како особено значаен факт се посочува растот на оние невработени кои подолго време бараат работа, кои во 2012 година претставувале 39 отсто од населението на Грција.

Според Евростат, во ноември минатата година Грција била земја со највисока невработеност во ЕУ – 26,4 отсто.

Невработените меѓу жените биле 29,3 отсто, а меѓу младите под 25 години невработеноста достигнала драматичен раст од 58,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП