18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Радован Витошевиќ, Генерален Директор на Lyoness

Интервју со Радован Витошевиќ, Генерален Директор на Lyoness

rad

5 години постоење, над 103.000 членови

Денар: Каква беше минатата година за Lyoness? Со какви резултати ја завршивте?

2015 година, јас ја нарекувам преродбена година, или година на вистински успеси кои ни го отворија патот за уште повеќе да се развиваме. Едната причина е што веќе постоиме 5 години како компанија во Македонија, што значи дека веќе не сме нови на пазарот и верувам дека не постои човек во оваа држава кој веќе не слушнал за Lyoness. Еден искусен човек има кажано дека успехот на една компанија зависи од тоа колку разговори ќе се случат, а во нив ќе се спомне компанијата. Второ, што е уште пофасцинантно, е фактот дека годината ја завршивме со повеќе од 103.000 членови, што претставува milestone и покриеност на повеќе од 5% од популацијата во Македонија. Со овие бројќи веќе е очигледно дека Lyoness е најголемата куповна заедница во Македонија која има неограничен потенцијал за развој, не само на компанијата како таква, туку и за партнерите што ја следат.

Денар: Кога сме кај вашите партнери, многумина говорат веќе за Вашиот нов бренд и за новите можности кои ги лансиравте на крајот на 2015 година, можете ли нешто да ни кажете во врска со тоа?

Како што самите знаете, Lyoness е брзо растечка компанија со повеќе од 5 милиони членови во 47 земји, и затоа секогаш е склона да воведува многу иновации и надградби во своето работење и во понудата. Новата Cashback Solutions програма не е само единствена на пазарот, туку е единствена на светот. Можам да кажам дека е производ на совршена лојална програма за еден трговец, каде што не се работи само за привлекување на нови купувачи и одобрување на cashback предности, туку во себе има и проактивен дел со можности за целосна комуникација и менаџирање на навиките на купувачите.

Благодарение на атрактивноста на новата ,,Cashback Solutions” програма за трговци која ја лансиравме на почетокот на четвртото тромесечие во 2015 година, како и ниската цена која ја овозможивме, успеавме да воспоставиме соработка со 100 нови компании за само три месеци. Тоа значи дека секој ден ни се приклучувала по една нова компанија. Ова ми докажува дека успешно ја пронајдовме потребата која им недостасуваше на трговците на пазарот. Бенефитите за компаниите од оваа алатка се огромни, особено на оние кои работат со многу купувачи и со големи фреквенции на обрт.

Денар: Што претставува Cashback Solutions програмата ако може да ни објасните, со што се занимава?

Како што напоменав, пред речиси четири месеци го лансиравме нашиот нов бренд за трговци кој се нарекува ,,Cashback Solutions”. Самото име Ви кажува дека располагаме со солуции кои се креирани за да ги исполнат потребите на сите видови на трговци, од секаков сектор на работење, вклучувајќи малопродажба и големопродажба. Пакетите ние ги дефиниравме на овој начин: Cashback Program Light, Cashback Program Basic и Cashback Program Professional. Секој пакет содржи различни карактеристики со цел да ги исполни потребите на било кој трговец. Би ги образложил прво генералните атрибути на лојалната програма па потоа ќе ви го објаснам Cashback Program Professional пакетот.

За разлика од членовите кои се дел од нашата куповна заедница и се страната која ги добива шопинг предностите, фирмите се дел од лојалната програма која Lyoness ја изработува, и токму фирмите или нашите Cashback Партнери како што ги нарекуваме, ги одобруваат предностите за нашите членови. Ќе се согласиме дека секој трговец е спремен да одобри попуст за групни купувања или купувања направени во поголем волумен. Знаејќи го тоа, ние успеавме да направиме една win-win платформа што ја задоволува секоја страна во трговијата, односно секој добива нешто плус при купувањето или продавањето. Во нашиот случај, купувачот добива предности, а трговецот добива лојални купувачи и повеќе промет. Накратко можам да кажам дека наша задача како компанија е да овозможиме платформа за трговијата со автоматизирано одобрување на предности што ги спојува и зближува купувачите и трговците.

Секоја компанија верувам е запознаена со концептот на ,,Outsourcing”. Тоа е кога една компанија потпишува договор со друга компанија за извршување на услуги, односно изнајмува одредени човечки или материјални ресурси. Сметам дека кај нас во Македонија најпознато такво дејствие е за производството на текстил. Поентата со outsourcing е една компанија да се фокусира исклучиво на примарниот бизнис или дејствие, а да изнајмува работна сила за се што е секундарно како активност или е споредно на примарните активности, но допринесува за квалитетот на крајниот производ или услуга. На пример, секоја компанија изнајмува услуги за сметководство од надворешен партнер, или изнајмува простор за архива, поштенски услуги, транспорт, прозиводство на репро материјали, итн. Зошто го правиме тоа? Овие активности можеме да ги правиме сами, а сепак ги изнајмуваме и без нив не можеме да функционираме! Тоа го правиме за да заштедиме и не губиме енергија на споредни работи, туку тие задачи ги делегираме на друга компанија која е специјализирана за некоја дејност, како што се на пример сметководителите. На овој начин, секоја страна е задоволна и може да се фокусира на тоа што највеќе и носи пари. Поентата е, наместо да градите сопствена лојална програма, можете да ја користите програма на Lyoness, и да добиете долгорочен партнер кој е специјализиран во сегментот на лојалност.

rado

Денар: Какви придобивки се добиваат доколку некој трговец се одлучи да соработува со Вас?

Заштеда во инвестиции. Извесно е дека секоја компанија може да креира сопствена лојална програма доколку одлучи, но тоа чини многу пари и време. Прво, треба да се инвестира во софтверски решенија, во човечки ресурси, хардвер, апликации и системи. Од искуство ќе Ви кажам дека една лојална програма да изгледа приближно до Lyoness чини премногу пари, сигурно неколку десетици илјади евра, и тоа само без потребните дополнителни системски надградувања. Второ, треба да започнете со лојална програма без членови и да ја изградите сами мрежата, а знаете дека Lyoness веќе брои повеќе од 103.000 членови само во Македонија. Од причина што не е едноставно еден трговец, особено ако е помал, да изгради лојална програма, Lyoness тука стапува на сила како компанија која што е специјализирана во изработка на програми за лојалност и маркетинг према купувачи. Ние нудиме можност за добивање на  комплетна лојална програма изградена токму за Вашиот бизнис и тоа со еднократно плаќање доживотно да можете да ја користите! Нормално постојат повеќе опции за корисниците.

Покрај заштедата во инвестиции, Cashback Solutions значи и заштеда во маркетинг активности. Секако секоја компанија е принудена да инвестира многу пари во маркетинг за да може притоа да привлече што поголем број на купувачи. За разлика од традиционалниот начин на промовирање, каде што Вие како трговец ги таргетирате купувачите, со Lyoness се создава за прв пат еден поинаков вид на маркетинг кој се нарекува реверсен маркетинг. Што значи тоа? Тоа значи дека наместо Вие да ги таргетирате купувачите, купувачите Вас Ве пронаоѓаат, благодарение на алатките кои ние им ги овозможуваме. Штом станете наш партнер, ние ги информираме членовите преку нашите постоечки медиуми и на тој начин го забрзуваме процесот на спојување на двете заинтересирани странки. Овој процес исто така овозможува трговецот да придобие нови купувачи, кои благодарение на овозможените Lyoness предности одлучиле да ги променат своите куповни навики и да посетат нова компанија која може да ги задоволи нивните потреби.

Повеќе продажба. Придобивање на нови купувачи значи и повеќе обрт, зарем не? Сметам дека во денешно време кога постои сериозна конкуренција во сите сектори од трговијата, секој купувач е важен, посебно доколку се работи за нов купувач. Но за тој нов купувач повторно да се врати во Вашата продавница потребно е прво да се задоволи со висок степен на услуга. Одобрувањето на Lyoness предностите е причина за клиентот да го привлечете и да го наградите, но секако е Ваша задача како трговец да се погрижите клиентот да излезе задоволен од продажното место. Доколку се случи тоа, клиентот со сигурност ќе се врати повторно и повторно ќе ги бара своите предности во форма на Cashback и Шопинг Поени. Нашите купувачи се емотивно приврзани со куповната заедница на Lyoness, но не значи дека доколку не се добро третирани од трговецот или доколку не им ги вратите парите назад како што сте ветиле дека купувачите од атер повторно ќе Ви се вратат!

Покрај тоа што новиот партнер на Lyoness може да очекува купувања од нови клиенти, со тенденција да ги претвори во лојални и постојани клиенти, трговецот има можност да добие и целосно брендирани cashback картички изработени од Lyoness на кои може да аплицира сопствено лого и бренд дизајн. Овие картички Вие трговците ги доделувате на веќе постоечките купувачи со цел да се наградат за лојалноста која ја покажале низ годините, и тие ќе бидат уште посреќни и позадоволни. Вашите членови со вашата лојална картичка ќе можат сега полесно да Ве препорачуваат кај своите блиски и пријатели и со тоа да Ви овозможат да добиете уште повеќе клиенти. Но, тоа не е се. За секоја препорака направена од клиентите, вие можете дополнително да ги наградувате со т.н. Пријателски Бонус. За секоја нова препорака, можете автоматски преку системот кој ви го нуди Lyoness, да одобрите до 0.5% провизија за секоја препорака направена од вашите клиенти. Зарем не е тоа дополнителна мотивација да се поделат што повеќе картички на купувачите?

Воведовме систем за наградување и анализа на купувачите. Оваа софистицирана, но сепак едноставна за користење, Cashback програма за трговци не само што овозможува одобрување на специјални попусти атрактивни за купувачите во форма на Cashback, Шопинг Поени и Пријателски Бонус, туку во себе содржи и специјално софтверско решение за менаџирање на релациите со тие клиенти, или оргинално кажано добивате Customer Relationship Management System. Овој систем за лојалност е изработен специјално од американската компанија Salesforce®™, која е број еден компанија во светот кога зборуваме за системи кои помагаат при комуникација со клиентите. Тука подразбираме онлајн канцеларија, исполнета со модули за анкетирање на задоволство, newsletter-и, статистика на купувања, преглед на трансакции, трендови и споредба на успешност во дадениот сектор, business-to-business услуги и многу други опции. Повеќе детали околу спецификацијата на производот можете да добиете на следниот вебсајт, www.cashback-solutions.com/mk или за дополнителни информации да се обратите директно во претставништвото на Lyoness Македонија.

Денар: Со кои се компании соработувате? Дали е адекватна програмата за сите или само за поголемите компании?

Платформата е предвидена за секаков вид на компании без разлика на големината или трговскиот сектори. Наши потенцијални партнери се сите компании каде што луѓето имаат потреби секојдневно да ги трошат своите пари, за да набавуваат основни или луксузни потреби. Трговците одобруваат предности за храна, гориво, предмети за во домаќинството, мебел, електроника па дури и за аранжмани за гордишен одмор, електрична енергија, осигуривање, едукација, телефонија, канцелариски материјали, автомобили и многу други услуги и производи. До сега имаме успешна соработка со многу звучни компании кои се наши клучни партнери, како на пример: Макпетрол, Веро, Техномаркет, Фешн Груп, Рептил Маркети, Антариас, Виола Аптеки, Римес Месари, Мега Спорт, АД Осигурителна Полиса, па дури имаме соработка и со Вардар, на кои им изработивме Cashback картичка за навивачите и фановите. Но како што кажав гледаме потенцијал буквално и во секој еден микро трговец, бидејќи цврсто веруваме дека можеме да му помогнеме на било кое претпријатие да се воздигне и да порасне во поголема компанија. Тоа веќе и се има случено. Сите наши актуелни партнери можете да ги пронајдете на нашата веб страница www.lyoness.com.

Покрај тоа што овие компании ја користат програмата за потрошувачи, истите соработуваат и на B2B ниво, и вршат меѓусебна трговија и добиваат Lyoness предности на секојдневните набавки. За ваквиот вид на соработка имаме истотака специјални понуди и услови.

Денар: Какви се досегашните искуства од соработките со трговците?

Искуствата од трговците се многу позитивни, особено на оние трговци кои проактивно ја користат програмата. Некои од нив се зачудени и викаат: ,,Oд каде излегоа сиве овие луѓе што одеднаш дојдоа да пазарат кај мене?”. Имаме и случаеви каде што купувачи се потегнуваат да возат километри за да посетат наш нов трговски партнер, па дури и во друг град. Да не зборувам во име на трговците, можете сами да ги погледнете нивните сведоштва на YouTube нашиот Cashback Solutions канал.

Денар: Како може некој заинтересиран трговец да стане ваш партнер?

Целиот процес на апликација е онлајн и е многу едноставен. Треба само да го посетите нашиот веб сајт www.cashback-solutions.com/mk и да ги следите чекорите. Цената на програмата може да чини 200 ЕУР, 500 ЕУР или 800 ЕУР, зависи од потребите. Исто така, имаме и специјален договор со НЛБ Тутунска Банка за брзо кредитирање за оние компании кои сакаат да ја купат оваа програма на кредит. Овозможивме лојалната програма нашите партнери да можат да ја плаќаат и до 24 месечни рати, што значи дека е достапна за секого.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП