28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММф му дава на Кипар една милијарда евра

ММф му дава на Кипар една милијарда евра

lagard3

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе издвои една милијарда евра во текот на три години за помош на Кипар, најави директорката Кристин Лагард.

Лагард изјави дека очекува одборот на ММФ да ги одобри тие средства на почетокот на мај.

„Тимот на Меѓународниот монетарен фонд на професионално ниво постигна договор со кипарските власти за економската програма, во која покрај ММФ ќе учествува и Европската унија и Европската централна банка“, изјави Лагард.

„Комбинираниот финансиски пакет од вкупно 10 милијарди евра е дизајниран со цел Кипар да ги покрие финансиските потреби, вклучувајќи го и сервисирањето на долгот, а во исто време да превземе и мерки кои се потребни за реставрација на здравјето на економијата“, изјави Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП