29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија стравува од кипарската болест

Романија стравува од кипарската болест

laiki2

Од Романија пристигнуваат вести дека луѓето ги префрлаат своите пари од малите и средните банки во големите банки, го намалуваат износот на депозитите под 100.000 евра и ги затвараат сметките.

Економските аналитичари сметаат дека проработел „кипарскиот бумеранг“.

По првичната одлука за Кипар, сите депозити до 100 илјади евра да се оданочат со 6,75 проценти, а депозитите над 100 илјади евра со 9,9 проценти, може да се очекува дека ќе се појави банкарска паника во многу европски земји.

Може ли и во другите земји да дојде до банкарска паника како и во Романија? Аналитичарите сметаат дека таквото сценарио е можно, на пример во Шпанија, моментите на паника се како епидемија. Може да се случи и во Португалија, Словенија и Малта. Но, најчесто се наведува Украина, која не е членка на ЕУ, прогнозираат аналитичарите.

Таа одлука подоцна беше поправена и на вакви санкции беа изложени само две големи банки, но Европејците го видеоа сето сценарио и видоа дека ништо не им е сигурно.

Романија е во многу тешка економска ситуација. Букурешт има три месеци да ги исполни барањата од кредиторите во замена за нова транша помош од 20 милијарди евра.

Барањата кои треба да ги исполни Романија се, намалување на платите во јавниот сектор за 25 проценти, намалување на пензиите за 15 проценти, зголемување на ДДВ од 4 на 24 проценти, изоставување на низа социјални програми. Сето ова синдикатите го нарекуваат социјален геноцид.

За плаќање на надворешниот долг во 2013 година, земјата треба да пронајде 5,2 милијарди евра. А во исто време и банкарскиот систем бележи рекордни загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП