19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ препорачува внимателно возење поради најавените снежни врнежи

АМСМ препорачува внимателно возење поради најавените снежни врнежи

sneg patista 35

АМСМ препорачува задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Според информации добиени од УХМР, во сабота се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег.

До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см.

Моменталната состојба на патиштата вели дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Денес под влијание на нов влажен бран ќе има локални врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува и засилен јужен ветер (и над 70 км/час). Кон крајот на денот врнежите ќе се прошират на повеќе места.

Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег. На повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП